Skip to main content

Израел го одобри договорот за извоз на гас во Египет, вреден 35 милијарди долари

Freepik

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека го одобрил договорот за извоз на природен гас во Египет во вредност од 35 милијарди долари, најголемиот договор за гас во израелската историја.

Договорот би можел да помогне и во подобрувањето на односите меѓу Израел и Египет, затегнати во изминатите две години поради војната на Израел против палестинскиот Хамас во Појасот Газа.

Гасот во Египет во следните 15 години ќе го испорачува американскиот енергетски гигант „Шеврон“, сопственик на гасно поле покрај брегот на Израел во Средоземното Море. Се очекува половина од приходите да одат во израелската каса.

Нетанјаху рече дека договорот „значително ја зајакнува позицијата на Израел како регионална енергетска сила и придонесува за стабилноста“ на Блискиот Исток.

Египет, кој се граничи и со Израел и со Појасот Газа, беше клучен посредник во разговорите меѓу Израел и Хамас што доведоа до прекин на огнот посредуван од САД во октомври. Каиро гласно ја критикува израелската офанзива, за време на која беа убиени десетици илјади Палестинци во Газа.

Поврзани вести