Skip to main content

Се подготвува за следната војна: Израел одржал состанок на високо ниво за „справување со заканата“ од Хутите

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац одржале посебен состанок на 3 ноември со високи безбедносни претставници, вклучувајќи ги и шефовите на војската и разузнавањето, за, како што велат, да се справат со растечката закана што ја претставуваат Хутите (Ансар Алах) во Јемен.

Според „i24NEWS“, Нетанјаху ја опишал заканата што ја претставуваат Хутите како еден од клучните безбедносни приоритети на земјата.

Многу набљудувачи на состoјбите на Блискиот Исток предупредуваат дека крајот на војната во Појасот Газа ќе му овозможи на Израел да ја ескалира состојбата на други фронтови како што се Јемен, Либан, Ирак и Иран.

Хутите, сепак, се чини дека се добро свесни за ова. Според пишувањето, водачот на групата, Абдел-Малик ал-Хути, веќе им наредил на своите сили да се подготват за неизбежен конфликт со Израел.

Поврзани вести