Skip to main content

Франција сака да учествува во американско-украинските преговори за минералните суровини

Францускиот министер за одбрана, Себастиен Лекорну, изјави дека официјален Париз од октомври разговара со Украина за можноста за развој на украинските минерални ресурси за потребите на француската одбранбена индустрија.

Според Лекорну, Франција се заинтересирала за предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски како дел од неговиот „план за победа“ за време на неговата посета на Париз.

Разговараме за нашите потреби во одбранбениот сектор. На нашата одбранбена индустрија и се потребни ресурси кои се неопходни за вооружениот систем не само во наредните години, туку и во следните 30 до 40 години“, изјави Лекорну за FranceInfo.

Министерот истакна дека економските прашања често се поврзуваат со воени и стратешки интереси.

Поврзани вести