
Памела Бонди е генерален обвинител или кажано со наш речник, државен обвинител на САД. Именувана е во времето на Доналд Трамп, како обвинител кој треба да се справи со криминалот во САД, како и со злоупотребата на политичката моќ за гонење на политичките противници, практика што се користеше во времето на претседателствувањето на Џо Бајден. Против себе ги има сите демократи во Конгресот, од кои некои, како што посочи секретарот за здравство, Кенеди, се поткупени, и земаат милиони, посочувајќи некои од нив по име и презиме. Минатата недела таа имаше соочување во Сенатот и сама се бореше против демократските противници, оставајќи неверојатен впечаток што вреди да се одбележи. Ова се некои поенти и сегменти од сослушувањето кое траеше повеќе од пет часа и борбата на популарната Памела Пам Бонди со демократските сенатори, при што, на некои, в лице им кажа дека се корумпирани. Ова се некои поенти од седницата.
Памела Бонди против сенаторот Дарбин
И знаете, сенаторе Дарбин, ми е многу интересно што ги одбивте повеќекратните барања на републиканците за објавување на податоците за летови на Епштајн во 2023 и 2024 година. Се боревте против тоа. Дали зедовте пари од донациите на кампањата на Рид Хофман, кој беше голем пријател на Епштајн? Зошто се боревте со години? Зошто се боревте да не се откријат податоците за летовите?

Сенатор Дарбин:
Можам да ви кажам дека не одбив. Една од сенаторите овде сакаше да ги достави тие податоци, а јас ја замолив да ги достави во писмена форма, но таа никогаш не го стори тоа.
Бонди:
Да, мислам дека сенаторот Блекбурн би се скарал со Вас за тоа.
Сенатор Блекбурн:
Господине претседателе, бидејќи сенаторот Дарбин се осврна на мене, би бил навистина благодарен за можноста да го исправам записот бидејќи сенаторот Дарбин знае дека постојано барав тие податоци за летови. Јас го споменав судскиот повик. Дури и го затворивте комитетот затоа што не го сакавте тоа. И знаете, јас го поднесов тоа писмено, а вие продолжувате лажно да зборувате за тоа. И нема да дозволам тој запис да остане.
Памела Бонди против сенаторот Вајтхаус
Шелдон Вајтхаус:

Да ве прашам уште нешто. Има јавни извештаи дека Џефри Епштајн им покажал на луѓето фотографии од претседателот Трамп со полуголи млади жени. Дали знаете дали ФБИ ги пронашло тие фотографии при пребарувањето на сефот на Џефри Епштајн или неговиот имот или на друго место? Дали сте виделе нешто такво?
Бонди:
Знаете, сенаторе Вајтхаус, седите тука и повторно давате непристојни забелешки обидувајќи се да го клеветите претседателот Трамп, кога вие сте оној кој земал пари од еден од најблиските доверливи луѓе на Епштајн, верувам. Можеби грешам – поправете ме – Рид Хофман, кој бил со Џефри Епштајн во повеќе наврати. И сенаторот што седи веднаш до вас се обиде да го спречи објавувањето на податоците за тие летови. И вие најдовте да ме прашувате за претседателот Трамп и некоја си фотографија со Епштајн?
Бонди:
Знаете, многу сте загрижени за парите и луѓето што земаат пари, и се буните против црни пари, а сепак постојано соработувате со групи со црни пари, сенаторе.
Бонди:
Ќе бев повеќе загрижена да бев на ваше место кога зборувате за корупција и пари – кога се залагате за закон што би ја субвенционирал компанијата на вашата сопруга.
Претседател на Комитетот:
Која е причината за тоа?

Бонди:
Да, претседателе, додека ја „гасите“ Владата. Гласавте за престанување на финасирање на Владата и седите тука додека нашите обвинители и полицајци не се платени. Тие се таму и работат за да ве заштитат. Посакувам да го сакавте Чикаго толку колку што го мразите претседателот Трамп. А во моментов, Националната гарда е на пат кон Чикаго. Ако не сакате да ги заштитите вашите граѓани, претседателот Трамп ќе го стори тоа.
Пам Бонди против сенатор Блументал
Пам Бонди:
Сенаторе Блументал, многу ми е интересно што не го споменавте ова за време на администрацијата на претседателот Бајден, кога тој правеше сè за да го заштити Хантер Бајден, својот син. И мислам дека видовте што објави директорот Радклиф. Знаете, ова се информации – ако можам да завршам со одговорот на прашање, нема да ви викам. Нема да се расправам со вас. Но, информациите се дека администрацијата на Бајден им рекла да не ја истражуваат вмешаноста на Хантер Бајден во Украина.
Пем Бонди против сенаторката Хироно
Сенатор Хироно:
Двојниот стандард е јасен, а американскиот народ се буди за корупцијата, фаворизирањето и беззаконието во Министерството за правда.

Пам Бонди:
Ви благодарам, господине претседателе. Може ли да одговорам, претседателе?
Претседател:
Да.
Пам Бонди:
Може ли да одговорам?
Претседавач:
Да, можете да одговорите.
Пам Бонди:
Ви благодарам. Двојниот стандард е кристално јасен, сенаторке Хироно. Кристално јасен. Бидејќи не се жалевте четири години кога претседателот Трамп беше таргетиран од Џек Смит, од последниот состав на Министерство за правда, но американскиот народ проговори гласно и јасно кога го избра претседателот Трамп со огромно мнозинство.
Пам Бонди против сенатор Блументал
Пам Бонди:
Ако работевте за мене, ќе бевте отпуштени затоа што бевте критикувани од Конгресот за лажење. Лажете овде. И нема да ми бидат држени лекции за интегритет од некој што лажел дека бил во војска само за да биде избран за сенатор. И ми е интересно што сакате ред во оваа постапка сега. Извинете, сенаторе, сакате ред во оваа постапка сега. Сигурно немавте ред кога ја нападнавте секретарката Ноем на прес-конференција во Калифорнија, нели?
Бонди против сенатор Адам Шиф
Бонди:
Директорот на ФБИ, Пател, рече дека немало случај. А Каролин Лавет е една од најдоверливите луѓе што ги познавам. И знаете, сенаторе Шиф, ако работевте за мене, ќе бевте отпуштен затоа што Конгресот ве критикуваше за лажење.

Сенатор Адам Шиф:
Вие сте генерален обвинител. Ова ќе биде ваша одлука. Дали ќе поддржите…
Пам Бонди:
Не мора да ми кажувате што е моја одлука, а што не. Мислите дека “нѐ фативте”со Том Хоман, кој е таму и се бори за нашата земја откако Доналд Трамп ја презеде функцијата.
Адам Шиф:
Се обидувам да поставам прашање. Дали ќе го поддржите тоа барање?
Пам Бонди:
Ќе му се извините ли на Доналд Трамп…?
Адам Шиф: Претпоставувам дека одговорот е дека нема да го поддржите тоа…
Пам Бонди:
… Откако сега знаете дека Џо Бајден се обиде да ја прикрие вмешаноста на Хантер Бајден во Украина.
Бонди против сенаторот Падија
Алекс Падија:
Под оваа администрација на Трамп и водството на државниот обвинител Бонди, верувам дека независноста на Министерството за правда е нападната. Затоа, моето прво прашање, генерален обвинител Бонди, е едноставно прашање, а одоговрете со „да“ или „не“. Дали верувате дека владини претставници како Грегор Бувино се обврзани да ги следат важечките судски наредби, без разлика дали се согласуваат со нив или не? Да или не?

Пам Бонди
Прво, сенаторе Падија, продолживте повеќе од пет минути и посакувам да ја сакавте вашата држава Калифорнија колку што го мразите претседателот Трамп. Тогаш би биле во навистина добра состојба, бидејќи насилниот криминал во Калифорнија во моментов е 35% повисок од националниот просек. Криминалот врз имотот во Калифорнија е 18% повисок од националниот просек. Тоа треба да биде нешто за кое треба да разговараме и да работиме заедно.