
Директорот на американската американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ратклиф, отпатува за Хавана, каде што на кубанските претставници ќе им пренесе порака од претседателот Доналд Трамп дека Вашингтон ќе се вклучи во економски и безбедносен дијалог доколку има „фундаментални промени“.
Неименуван претставник на ЦИА не објасни повеќе за реформите што ги бара Трамп, кој постојано се заканува дека ќе се „погрижи“ за Куба откако американската војска во јануари го зароби претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, кој беше сојузник на Хавана.
Посетата на Ратклиф е во услови на зголемени тензии помеѓу Вашингтон и Хавана откога Трамп воведе блокада за да го прекине снабдувањето со нафта и се закани со царини за земјите што ќе ја снабдуваат Куба.
Венецуела и Мексико во јануари ги прекинаа испораките за Куба.
Блокадата на САД, осудена како нелегална од Обединетите нации, доведе до недостиг на енергија во Куба, каде што прекините на електричната енергија стануваат сè почести, а економијата стагнира.

Македонски

