
Бунт во затвор во јужниот дел на Еквадор, предизвикан од судири меѓу ривалски банди, заврши со 14 загинати и уште 14 повредени, соопшти началникот на полицијата.
Полицијата информира дека затвореници убиле еден чувар и киднапирале полициски службеници. Дел од затворениците успеале да избегаат, но досега 13 од нив биле фатени, изјави полицискиот началник Вилијам Кале за телевизиската мрежа „Екуависа“.
Еквадорските затвори во изминатите години често се сцена на крвави пресметки меѓу банди поврзани со трговијата со дрога, со стотици загинати затвореници во последната деценија.