Skip to main content

Бројот на ученици во британските училишта ќе се намали за 400.000 за пет години

Фото: Freepik

Бројот на ученици во државните училишта во Англија се очекува да се намали за речиси 400.000 до 2030 година поради опаѓањето на наталитетот, покажуваат податоците на Министерството за образование.

Според проекциите, до 2030 година во државните градинки и основни училишта ќе има 4.205.117 ученици, што е за 300.000 помалку од 2025 година.

Во средните училишта се очекуваат 3.135.086 ученици, или 97.000 помалку од сега.

Поради намалениот број ученици, некои основни училишта, особено во Лондон, размислуваат за затворање поради финансиски притисоци. Финансирањето на училиштата, кое се базира на бројот на ученици, создава дополнителни предизвици за помалите училишта.

Пол Вајтмен од синдикатот на училишни директори НАХТ предупреди дека намалувањето на бројот на ученици претставува „вистинска главоболка“ за училиштата, додека Даниел Кебеде од Националниот синдикат за образование истакна дека намалувањето на бројот на ученици може да се искористи за намалување на големината на класовите и подобрување на образовните резултати. 

Поврзани вести