Skip to main content

Автомобил повторно влета меѓу луѓе во Германија, повеќе повредени

Автомобил се заби во толпа пешаци во Манхајм, Германија. Според германските медиуми, најмалку едно лице загина, а повеќе се повредени, но сè уште нема официјални податоци за жртвите.

Видео објавено на социјалните мрежи покажува повредени луѓе како лежат на земја. Еден локален сајт објави дека во инцидентот учествувал црн џип, кој со голема брзина удрил во група луѓе.

Овој инцидент следува само две недели по сличен напад во Минхен, кога загинаа двајца луѓе.

Поврзани вести