Skip to main content

Девет повредени во несреќа на автопат во Германија

ingo-kramarek-from-pixabay

Девет лица се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на автопатот А9 во покраината Тирингија, во централна Германија, откако возило за кампување удрило во колона возила создадена поради сообраќаен метеж, соопшти полицијата.

Едно лице се здобило со тешки повреди, додека останатите осум лица се со полесни повреди, наведоа полициските органи.

Претходно полицијата соопшти дека во несреќата биле повредени 34 лица, но подоцна ги ревидираше податоците.

Според полицијата, возачот на камперот во кој имало и две деца, не го забележал крајот на колоната и удрил во неколку автомобили. Во несреќата биле оштетени девет возила, меѓу кои и два минибуса во кои се превезувале 11 деца со посебни потреби и нивните придружници.

Автопатот во правец кон Берлин бил затворен пет и пол часа додека траела интервенцијата на итните служби и расчистувањето на местото на несреќата. Полицијата процени дека материјалната штета изнесува околу 350 илјади евра.

Застојот во сообраќајот бил предизвикан од претходна несреќа на спротивната коловозна лента, при која се превртела приколка за превоз на коњи. Поради таа несреќа автопатот бил привремено затворен во двата правци. 

Поврзани вести