
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Н.(18) од Куманово и 16-годишник лице од Република Австрија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа”, соопшти денекса МВР.
На 26.07.2026 на објектот каде е сместено едно Културно- уметничко друштво во Куманово, пријавените испишале графити со навредлива содржина, велат од кумановската полиција.
Станува збор за графит со „УЧК“ кај оросториите што ги користи културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово. Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), Иван Стоиљковиќ, го објави видеото на социјалните мрежи и го осуди инцидентот, оценувајќи дека станува збор за вандализам и поврзувајќи го со, како што наведува, „ксенофобија и шовинизам кон српската заедница“.

Македонски


