Skip to main content

Хашкиот суд утре ќе донесе пресуда за групата на Хашим Тачи

Судот за Косово со седиште во Хаг утре ќе донесе одлука за Хашим Тачи, поранешниот политички лидер на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кој поднесе оставка од функцијата претседател кога беше обвинет во 2020 година за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Обвинителството тврди дека Тачи и неговите поранешни соборци Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи се одговорни за кампања на прогон што вклучуваше убиства, тортура, присилни исчезнувања и нелегални притворања за време и веднаш по војната со српските сили во 1998 и 1999 година.

Фото: МИА Архива

На Косово, овие четворица се сметаат за воени херои

Обвинението опфаќа злосторства извршени од членови на ОВК од март 1998 до септември 1999 година, кога, според обвинителите, вооружениот конфликт со српските безбедносни сили на Косово бил во тек.

Тачи, Весељи, Сељими и Красниќ беа обвинети за злосторства против Срби, Роми и Албанци, прогласени за „соработници“, во околу 40 притворни центри на ОВК во Косово, како и во Кукеш и Чахан во северна Албанија, од март 1998 до ноември 1999 година.

Овој Суд е основан од страна на косовското собрание, но е со седиште во Хаг за да се избегне заплашување на сведоците и политички притисок, за кои многумина веруваат дека ги попречиле претходните обиди за гонење на злосторствата.

Поврзани вести