
Аеродромот во Минхен е повторно отворен утрово откако беше затворен преку ноќ поради сомнителни дронови, јавуваат германските медиуми.
Според полицијата, неколку луѓе виделе дронови како летаат над аеродромот во Минхен, пренесува „Тагесау“.
Поради ова, воздушниот сообраќај беше прекинат синоќа кратко по 22 часот, а бројни летови беа откажани.
На аеродромот во Минхен беа откажани 17 летови, што влијаеше на речиси 3.000 патници.
Покрај тоа, 15 дојдовни летови мораа да бидат пренасочени кон Штутгарт, Нирнберг, Виена и Франкфурт.
Бројни заробени патници мораа да преноќат на аеродромот.
Полицијата и противпожарната служба на аеродромот поставија десетици полски кревети во терминалот за таа цел.