Skip to main content

Во понеделник поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред

Ве информираме дека во понеделник (19.01.2026 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред, соопштија од ЈСП.

На Водици од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи.

Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови.

На православните христијани им го честитаме празникот

 Богојавление (Водици).

Поврзани вести