Skip to main content

Жерновски: Власта ни продава лажен патриотизам

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на гостувањето во дебатната емисија „24 Анализа“ се осврна и на лажниот патриотизам на власта, оценувајќи дека зад таквата реторика се кријат политички манипулации и недоследности во однесувањето на владејачката гарнитура, се наведува во соопштението од СДСМ.

-Она што мистериозно исчезна од Собранието е идејата, предлогот на Мицкоски за двојно државјанство. Од патриот којшто е, ќе нè брани нас од двојни државјанства, утредента излезе премиерот, пазете, изјава дека ќе се повлече предлогот затоа што треба да се консултираат дали е според Уставот. Со тоа стана јасно колку Бугари има во партијата, во Владата и во Парламентот, и потоа се повлече документот. Тоа е она што загрижува. Имаме партија којашто е на власт, чијшто патриотизам е едноставно пропаганда, а со лаги, манипулации и лицемерие ќе се одржува моќта којашто служи за заштита на криминалот. Со една рака ќе мавтаат со знамето дека сме Македонци за да излеземе патриоти, а со другата рака ќе крадат колку што може да се украде. Е, тоа ние ќе го спречиме, ќе се обидеме да го спречиме до крај. И тоа нема да го дозволиме, без разлика на тезите коишто се пласираат – потенцираше Жерновски.

Поврзани вести