Skip to main content

Внатрешен бунт во СДСМ: Шилегов директно до Филипче – одговорноста е кај тебе

Поранешниот градоначалник на Град Скопје и истакнат член на СДСМ, Петре Шилегов, заедно со група партиски членови, доставил барање до претседателот на партијата Венко Филипче и актуелното раководство, во кое се бара преземање одговорност за изборниот дебакл на локалните избори.

Во гостување на телевизија Телма, Шилегов посочи дека, согласно Статутот на СДСМ, токму претседателот на партијата е тој што го има конечниот збор при изборот на кандидатите за градоначалници. Оттука, според него, е недозволиво одговорноста за лошите изборни резултати да се префрла врз сите други, додека највисокото раководство останува надвор од критиката.

Одговарајќи на прашањето што конкретно било побарано од Венко Филипче и дали станува збор за кадровски промени во раководството, Шилегов беше дециден:

„Не. Станува збор за лично заминување. Согласно Статутот, претседателот е тој што го дава конечниот збор за кандидатите за градоначалници. Не можете да барате одговорност од сите околу себе, а притоа да направите само козметички промени во Извршниот одбор. Не можете да ги номинирате луѓето што го доживеале изборниот дебакл, да ги креирате политиките што јавноста не ги препознава, а потоа вината да ја префрлате на граѓаните, кандидатите или на некој трет. На крајот, излегува дека сите се криви, освен неколкуте луѓе на врвот на партијата. Тоа за мене е неприфатлив стандард во политиката“, изјави Шилегов.

Поврзани вести