
Коцевски продолжува да ја игнорира јавноста и да молчи и покрај фактот што довербата на јавноста во правосудството е помала од 2 проценти а во Собранието му е изгласана интерпелација. На Коцевски фотелјата му е поважна од угледот. Коцевски нема ниту срам, ниту одговорност, ниту барем обид за достоинствено повлекување. Поважна му е политичката елита на СДС и ДУИ, и тие да се задоволни и да остане што подолго на функцијата за да ги штити, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
На Коцевски функцијата му е поважна од принципите, а партиската лојалност поважна од правдата.
СДС со негласањето на интерпелацијата јасно ја покажа сопствената агенда и зошто обвинителот е избран токму во Струмица и Мала Речица. Коцевски и покрај се останува на функцијата за да ги штити партиските функционери на СДС и ДУИ од одговорност пред правдата и покрај сите изнесени сомнежи за криминал и корупција во изминатиот период.
Со што се задолжи Коцевски кај Заев и Филипче и од што му е страв што се уште не поднесува оставка?
Коцевски да си поднесе оставка и да не го држи обвинителството во заложништво во служба на партиските интереси на СДС и ДУИ. Време е за одговорност и владеење на правото и правдата во државата.