Skip to main content

СДСМ: Владата потврди дека Буџетот не е во најдобра состојба 

„Како што знаете Буџетот не ни е во најдобра состојба, меѓутоа ќе видиме“.  Со оваа изјава Министерката за енергетика на Мицкоски, Сања Божиновска призна дека во буџетот нема пари, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Владата на Мицкоски го потврди она што СДСМ и претседателот Филипче постојано го говорат.

Оваа изјава на Божиновска е уште еден доказ, фалат 2 милијарди евра.

Владата вели нема пари за ништо освен за криминални тендери. Тие течат без пречки. Има пари 161 тендер за една фирма, има за 51 тендер за омилената фирма преку општините, има за 9 милиони евра за двајца вработени, има 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“, се вели во соопштението на СДСМ.

Оттаму додаваат дека „само за поголеми плати и пензии нема пари владата на Мицкоски“.

Големиот недостаток на пари ќе доведе до економска криза а потоа, за да земе Владата пари, преку скапи кредити, следува проектот „мигранти за пари“.

Веќе доаѓаат „економските работници“, владата одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, недостасуваат 2 милијарди евра во буџетот. 

Се случува она што го најавивме“, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани вести