Skip to main content

СДСМ до градоначалникот од СДСМ, Митовски: Народот треба да се праша преку референдум за рудникот за антимон

фото: Општина Крива Паланка

СДСМ преку соопштение му се обрати на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој доаѓа од нивните редови, да распише референдум на кој граѓаните ќе одлучат дали сакаат отворање рудник за антимон во нивниот регион. Порачуваат дека градоначалникот не може да одлучува сам или да се договара со Мицкоски.

„СДСМ не е против инвестиции, туку против рудник што загрозува здравје и тивко убива. Копањето антимон е една од најтоксичните рударски дејности во светот. Тоа носи сериозни здравствени ризици – респираторни заболувања, оштетување на срцето, проблеми со црниот дроб и бубрезите, дерматитис, анемија, репродуктивни нарушувања и зголемен ризик од рак на белите дробови. Антимон триоксид е класифициран како веројатно канцероген за луѓето. Имаме горчливо искуство токму со рудникот Лојане. Таму отпадот од старите рудници и денес загадува почва, вода и воздух“, истакнуваат од опозициската партија, тврдејќи дека градоначалникот мора првенствено да ги слуша своите граѓани, а не човекот кој ја гледа државата како свој тендер.

„Мора да знае градоначалникот Митовски кога се слуша со Мицкоски, човекот кој се занимава исклучиво со својот приватен бизнис, носи часовници од 65.000 евра додека народот гладува, купува приватни авиони и прави струја преку почесни конзули како неговиот пријател Душан Адамовиќ“, пишува, меѓу другото, во соопштението на СДСМ.

Поврзани вести