СДСМ најавија неколку налудничави планови како да се вратат на власт – неколку месеци ја убедуваа јавноста дека САД донеле закон според кој ќе интервенираат во Македонија да ја сменат власта. Филипче дури и апелираше до Трамп да постапи со Македонија како со Венецуела и Иран. Паралелно со тоа, се обидуваа да билдаат негативен набој во јавноста затоа што наводно ќе сме отвореле кампови за азиланти протерани од Британија (место тоа, гледаме како тие неколкумина работници што македонски фирми ги ангажираат од Бангладеш ќе дојдат тука, ќе порабатат некој ден и ќе му ја дувнат за Германија). СДСМ се надеваа и дека ДУИ ќе успее да ги крене етничките тензии, ќе го ослабне ВЛЕН и така ќе ја урне Владата, по што мислат дека и тие некако ќе се протнат внатре како дел од некаква широка коалиција. Но, тука САД навистина реагираа, го ставија Артан Груби на црна листа и ги разбија плановите на ДУИ која денес мора да носи автобуси со поддржувачи од Албанија и протестира за правото нејзините гласачи да бидат газени на Бит Пазар. Размонтирањето на корупциската мрежа на ДУИ ужива огромна поддршка во јавноста и отвореното шурување на СДСМ со екипата на Ахмети – од позиција на слабост – само ги потсетува преостанатите македонски гласачи на СДСМ на понижувањата од ерата на Заев и Таче и дополнително ги поткопува позициите на СДСМ.
Но, има една потенцијална слаба точка на Владата на која СДСМ продолжува да игра, и која има некаков допир со реалноста. Македонците се длабоко огорчени од перверзните игри на Европската Унија со Македонија. Како нација се уште не сме го процесирале понижувањето што ЕУ ни го приреди преку Заев и СДСМ – да не натера да го смениме името ветувајќи брзо членство – само за да не изигра. Затоа, огромно мнозинство од јавноста апсолутно се противи на било какви нови отстапки по националните прашања, особено ако овојпат нема јасен исход, и јасни и кратки рокови за членство. Но, сепак, во јавноста има и свесност дека среднорочно Македонија ќе мора некако да го заокружи процесот на евро-интеграции. Изминатава година ЕУ претставници срамежливо почнаа да не убедуваат дека имало некаква нова иницијатива за проширување – пред се за да и се помогне на Украина, но притоа и балканските земји би можеле да го искористат моментот. Велам срамежливо, бидејќи претставниците на ЕУ знаат дека имаат не нула туку негативен кредибилитет да ги повторуваат ветувањата од 2018та.
Во Македонија, СДСМ ова го претвори во нов момент „сега или никогаш“, „да се биде или не“, и го поврза со нивната албанска стратегија – почнаа да не плашат дека Албанија (и Црна Гора) ќе влезе во ЕУ, што лошо ќе се одрази на положбата на Македонија во регионот, на внатрешната етничка стабилност и ќе предизвика нови уцени. Пред се, СДСМ се надеваат дека ВМРО ќе направи слична глупост како што тие направија со Грција, дека ќе направи отстапки кон Бугарија без да добие цврсти гаранции за членство, дека потоа ќе добие нови барања и со тоа ќе се анулира огромната недоверба која јавноста ја чувствува кон СДСМ. СДСМ сакаат да можат да излезат на избори под паролата „ете, сите сме исти, сите сме предавници“. На заминување од власт, СДСМ буквално прифатија таква обврска, ги врзаа македонските евро-интеграции во стапицата на Францускиот Предлог, и му го оставија овој куп … на ВМРО, свесни дека притоа јавноста малку – малку ќе побара некоја од придобивките од членството во ЕУ. Дали тоа ќе бидат новите, построги правила за влез во Шенген зона, дали реакцијата ќе дојде кога некоја соседна земја ќе изгради нов автопат со европски пари. Се додека ова прашање не биде решено, тоа ќе продолжи да игра улога во македонската политичка сцена, независно колку граѓаните да се изгорени од претходните лажни ветувања на Брисел и Бихаќка, оваа тема ќе ни демне над глава.
Но, најавите дека доаѓа некој голем бран на проширување како израз на солидарност со Украина не се реализираа. Унгарија и неколку други држави членки (со наводна премолчана согласност на поголемите членки на ЕУ) ја блокираа Украина. Молдавија деновиве најавува дека сака да стане членка на ЕУ преку спојување со Романија (?) На Балканот, за Албанија веќе никој не зборува, и остана само малата Црна Гора да официјално држи оптимистички став. Албанија и Србија дури и формално заедно побараа некој вид на лајт членство во ЕУ – без да имаат право на вето или право на глас во Брисел, туку само пристап до европскиот пазар и до фондовите на ЕУ. Штом наводно втората најдобро пласирана кандидатка Албанија сама се откажа од полноправно членство и бара некаква пореална утешна награда, јасно е дека тоа е затоа што од Брисел им кажале дека не можат ниту да се надеваат на полноправно членство.
Македонија притоа добро игра во искористување на можностите кои Брисел се уште ги држи отворени – деновиве слушнавме дека ќе добиеме најмногу средства од Фондот за развој, кој е врзан со успешно спроведување на реформите – повеќе од другите балкански држави. Но, исто така деновиве видовме две иницијативи за решавање на проблемот со трагично бавната интеграција на Балканот на начин кој може да биде навистина поволен за нас. Паралелно овие предлози дојдоа од германскиот канцелар Мерц и од група членки на ЕУ кои се историски најзаинтересирани за прием на Балканот – Австрија, Италија, Словенија, Словачка и Чешка. Дури и новата Влада на Унгарија, во која Филипче полага толку надежи, излезе со став дека Балканот треба бргу да биде интегриран, а притоа Украина да почека.
Слично на инцијативата на Рама и Вучиќ, предлозите што ги слушаме деновиве подразбираат постепено интегрирање на балканските земји во европскиот пазар, како и отворање на вратите за младите од регионот за студирање и работа во ЕУ. И Мерц и заедничкото писмо на петте членки на ЕУ, како причина за оваа нова иницијатива ја наведуваат потребата ЕУ да биде присутна на Балканот, инаку може да се случи во регионот да се прошири влијанието на Русија или Кина (во последно време во овој контекст се спомнува и Турција). Според предлогот на Мерц, балканските земји би добиле и политичко присуство во Брисел, како набљудувачи, но не и членки на ЕУ. Одлуката на Германија да преземе иницијатива по ова прашање е веројатно најсилниот сигнал досега дека Македонија може да се надева на скоро разрешување на овој замрсен јазол од кој не можеме да се ослободиме 30 години.
Во периодот на обоената револуција на Заев беше јасно дека постои силен интерес на САД Македонија да влезе во НАТО. Место Македонија да биде во позиција да го искористи тоа – можеби да избоксува пофер, помалку понижувачки договор со Грција, носењето на тој несреќник на власт значеше дека Грција доби исход на спорот за кој и Ципрас подоцна рече дека се чуделе што се Заев е подготвен да потпише. Оваа мекотелна политика беше забележана во Софија, која реши дека е дојден моментот и таа да ги реализира своите интереси кон Македонија, и така се роди актуелниот историски и национален спор со Бугарија. Деновиве имаме нова иницијатива за Балканот, при што јасно е дека ако на маса е неполноправно членство – кое сепак ќе ги содржи повеќето придобивки од членството во ЕУ – логично е дека Бугарија или другите членки на ЕУ нема да можат така лесно да го блокираат и овој исход, како што можат да блокираат прием на полноправна членка. И што во овој момент прави најдобриот другар на Заев, моментално на чело на СДСМ? Инсистира дека Македонија мора веднаш, неодложно да ги прифати условите од Францускиот Предлог. Што уште да помисли човек за СДСМ и Филипче? Невозможно е дека не се свесни за ставот на јавноста за ова прашање, за јасните најави од Бугарија дека има уште многу нови барања кои ќе следат по промената на Уставот, и невозможно е да не ги следат ретко позитивните најави од Брисел. И сепак бараат некоја друга влада да ги исполни максималните отстапки на кои тие лекоумно се согласија и да ја повтори нивната преспанска катастрофа, во надеж дека ќе можат да кажат „сите сме исти“. А можеби, оваа претпоставка, дека СДСМ сака да натовари дел од својот срам на друга партија, е и премногу оптимистична и претерано поволна за СДСМ. Другата опција, е оваа партија и нејзиното заевистично раководство, едноставно повеќе од 10 години работат за други држави и за туѓи интереси.
Што им е на СДСМ?

Македонски