Skip to main content
sBBMef59sK0

СДСМ естрадна ја избугари и Евровизија

Фрчко мали не знае дали во Скопје има добар кокаин бидејќи не е некој уживател. И јас не сум некој голем уживател на фудбал па не знам на која телевизија има добра утакмица, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Студенттите Албанци, со извици УЧК УЧК побараа правосудниот испит да го полагаат на Албански јазик, Во Македонија, не во Албанија или на Косово. На крајот интелектуално се истепаа меѓу себе.

Да не биде покусо се јави и несудениот градоначалник на Чаир Бујар Османи дека за него Македонија била држава на два главни народи. Убаво, среќа што сега Бујар е битен како пешачки во Чаир. Уште вели дека Албанскиот јазик немале ништо, И ние Бујар без македонски јазик немаме ништо па ти со онаа Генчовска се договараше за македонскиот јазик. Значи болело.

Дочекавме и тоа да не се расправаме за политика туку за музика. Главна тема за муабет неделава беше настапот што ќе го има францускиот диџеј Дејвид Гета за 8 септември. И СДСМ да се најдат во муабет се побунија зошто ќе настапувала светска ѕвезда пред 50.000 луѓе на стадион и тоа ќе во види цела Европа. СДСМ да беше на власт за 30 години независнот гарант ќе го викнеа Харис Џиновиќ кој со Зоки и Венко е вака, а прославата ќе ја збогатеа Камелија и Азис. Каква е таа прослава без бугарски чалги.

На Македонија навистина и оди добро штом СДСМ естрадна коментира за Евросонг. Филипче како водител на некое ток шоу се радува за победата на источниот сосеф. Работава е, ја избугарија и Евровизија. А да ја викнеме Дара како предгрупа на Дејвид Гета, Па што кога е бал нека е маскембал.

Поврзани вести