Skip to main content

Промоција на новиот албум на Добрила и Дориан „Wind To Blow”

Промоцијата на новиот новиот албум на Добрила и Дориан „Wind To Blow” (Ветер да Подујне) ќе се одржи вечерва во Аудиокултура, а неговата концертна промоција ќе се одржи на 4 јуни во Националната опера и балет во рамките на 25.Оффест.

Дуото го сочинуваат Добрила Грашеска (вокал, вокални лупови) и Дориан Јовановиќ (ут, лупер, електроника, програмирање).

После „Апокриф” и „Пиле Шарено”, „Wind To Blow” (Ветер да подујне) е трет по ред албум на Добрила и Дориан. Албумот е снимен, миксан, мастериран и продуциран од Дориан Јовановиќ во Профундус студиото во Скопје. Дизајнот е на Ника Гавровска, а фотографиите на Наташа Величковска. Издание на SJF Records.