
Триесет и шестгодишен државјанин на Македонија е уапсен во Салцбург, Австрија под сомнение дека учествувал во брутален грабеж во Германија, по кој починал 93-годишен маж. Осомничениот бил баран со европска потерница, а по апсењето е пренесен во затворот во Пух-Урштајн, во близина на Салцбург.
Германската полиција претходно уапси двајца осомничени, 30-годишник и 59-годишник, додека по трет осомничен, 36-годишен маж, сè уште се трагаше.
Според досегашните сознанија, на почетокот на мај непознати сторители провалиле во бунгалов на 93-годишен маж, физички го нападнале, а потоа го пребарале домот и избегале со пленот. На 3 мај, неговите деца го пронашле мртов во куќата. Обдукцијата покажала дека починал од тешки телесни повреди.
По апсењето во Австрија, во тек се дополнителни истраги и координација со германското правосудство околу можната екстрадиција на осомничениот.

Македонски


