Skip to main content

Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, денеска изјави дека неговата земја го разгледува новиот американски предлог и оти веќе се одржани неколку рунди разговори меѓу Иран и САД.

Иран го доби американскиот предлог, кој во моментов се разгледува – рече Багаеи на државната телевизија, додавајќи дека е „смешно“ да се зборува за ултиматум или рок.

Размената на пораки меѓу Иран и САД продолжува врз основа на истиот почетен документ од 14 точки што го предложи Иран, а Пакистан е посредник, рече портпаролот на иранската дипломатија, додавајќи дека пакистанскиот министер за внатрешни работи Мохсин Раза Накви денеска го посетил Техеран.

Багаеи рече дека главната цел на Техеран е да ја прекине војната на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан.

Иранските власти претходно денеска наведоа дека Техеран никогаш нема да попушти пред заканите и дека треба да ги засили подготовките за силен одговор на секој иден напад.(МИА)

Поврзани вести