Skip to main content

Без печење подгответе кокосови коцки со чоколадна глазура

Magnific

Овие нежни кокосови стапчиња се вистинско уживање за љубителите на кокос и чоколадо. Со крцкава подлога од какао-бисквити, кремаст фил со маскарпоне и кокос и богата чоколадна глазура, добивате вкусен десерт кој се подготвува без печење.

Потребни состојки за подлогата:

  • 200 г какао-бисквити
  • 110 г растопен путер


За кремот:

  • 2 кесички шлаг-пена во прав
  • 250 г маскарпоне
  • 400 мл кокосово млеко (со најмалку 70% кокос)
  • 50 г кокосово брашно


За чоколадната глазура:

  • 150 г темно чоколадо
  • 100 мл слатка павлака
  • 2 лажици кокосово брашно за декорација


Подготовка:

Какао-бисквитите сомелете ги, додајте го растопениот путер и измешајте додека смесата не се изедначи. Распоредете ја во правоаголен калап обложен со хартија за печење и добро притиснете за да добиете компактна подлога. Кокосовото млеко измешајте го со жица за матење. Во него додајте ја шлаг-пената во прав и матете според упатството на производителот, додека добиете цврст крем.

Додајте го маскарпонето и кокосовото брашно, па кратко измешајте со миксер. Кремот распоредете го врз подлогата од бисквити, израмнете и ставете го калапот во фрижидер околу 30 минути.

За глазурата, ситно исечкајте го чоколадото. Слатката павлака загрејте ја до пред зовривање, прелијте ја врз чоколадото и мешајте додека целосно се растопи и добиете мазна глазура. Прелијте ја глазурата врз изладениот крем и вратете го десертот во фрижидер уште 2–3 часа, за убаво да се стегне. Потоа извадете го од калапот и исечете го на еднакви стапчиња. Декорирајте со кокосово брашно.

Совет:

Ако кокосовото млеко е многу густо, кратко загрејте го за полесно да се измеша, а потоа целосно изладете го пред употреба.