
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември достигна 49.141 денар и е поголема за дури 8,1 процент во однос на ланскиот септември.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11.6 %, Административни и помошни услужни дејности за 10.6 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10 %.“, извести ДЗС.
Мало зголемување од 0,8 проценти има и на месечно ниво, септември во однос на август.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење камен за 6 проценти, во преработувачка индустрија за 3 проценти и во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 2.5 проценти, анализра ДЗС.
Највисока просечна плата во септември имало во секторот Информации и комуникации- 88.787 денари, а најниска во секторто Објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 35.447 денари.
Просечната бруто-плата во септември достигна 73.940 денари

Македонски




