
Просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во јули годинава изнесувала 48.499 денари и е зголемена за 7,1 проценти во однос на јули 2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 10,7 %, Снабдување со вода; отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 10,4 % и Дејности во врска со недвижен имот за 9,6 %.
Во однос на претходниот месец, зголемувањето е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 4,3 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,2 % и Градежништво за 2,3 %.
Просечната месечна исплатена бруто-плата за вработен во јули изнесувала 72.935 денари.

Македонски


