Жрепката за четвртфиналето во фудбалската Лига на нации спроведена во седиштето на УЕФА во Нион донесе неколку интересни дуели, а во центарот на вниманието ќе биде пресметката меѓу Шпанија и Франција, две репрезентации кои со години се во самиот врв на светскиот и европскиот фудбал.
Бранителот на трофејот, Португалија ќе игра против Холандија, додека преостанатите две четвртфинални пресметки се Норвешка – Англија и Белгија – Германија.

Плејоф двојки Лига А/ Лига Б:
Босна и Херцеговина – Данска
Унгарија – Србија
Република Ирска – Хрватска
Словенија – Велс

Плејоф двојки Лига Ц/ Лига Б:
Кипар – Македонија
Естонија – Романија
Фарски Острови – Грузија
Белорусија – Израел.


Македонски




