
Болните фантазии и подмолните фиксации што Венко Филипче во континуитет веќе подолго време ги лансира од претседателската фотелја во СДСМ, конечно добија официјална дијагноза – во форма на судска тужба, напиша денеска Иван Столковиќ најавувајќи тужба за денешната изјава на претседателот на СДСМ Венко Филипче, кој Стоилковиќ го нарече „соработник на српските служби, кој има комуникација со ‘Ноќните волци’, блиски на Путин“.
Се разбира дека нема да барам демант или извинување. Глупаво е да очекуваш пристојност и разум од лик подготвен да гази по сопствениот образ за пет минути евтин аплауз на партиски прес-конференции и сто лајкови на социјалните мрежи. Сепак, неговиот очај за внимание на крајот ќе излезе корисен. Срамот што ќе го плати на суд, до последен денар ќе го донирам таму каде што примарната дејност е токму третирањето на вакви акутни состојби на умот – во Психијатриската болница во Бардовци. Како симболичен придонес за институцијата која, за жал, овој пат не успеала навреме да превенира, вели Стоилковиќ.

Македонски



