Skip to main content

Лагите на СДСМ повторно демантирани: Македонија доби најмногу европски средства во регионот

Лагите на Филипче и СДС се повторни демантирани, Филипче и СДС лажеа за мигранти, лажеа дека државата ќе банкротира, лажеа дека е празен Буџетот, лажеа за ИПАРД фондовите, а лажеа и за Реформската агенда и изјавите на Вајц, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче и СДС ширеа лаги и го манипулираа народот, но веднаш се демантирани и тоа од релевантните институции. Токму затоа Венко Филипче нема кредибилитет и никој не му верува. Македонија доби најмногу европски средства во регионот доделени од ЕУ во висина од 65,7 милиони евра, пред Албанија со 49 милиони евра и Црна Гора со 44,2 милиони евра. Ова е за Јануарскиот извештај, а Македонија за јуни месец ќе ја удвои сумата и повторно ќе бидеме први во исполнувањето на Реформската агенда, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ЕУ потврди, Македонија е лидер во реформите, а лагите на Филипче и СДС паднаа во вода.

Овие доделени средства од ЕУ во висина од 65,7 милиони евра се јасен показател дека реформите кои ги спроведува Владата даваат конкретни резултати и се препознаени од европските институции. Средствата се наменети за унапредување на образованието, дигитализација и подобрување на условите во училиштата, при што дел од средствата директно ќе бидат насочени кон државниот Буџет, а останатите кон капитални и инвестициски проекти. Овие резултати уште еднаш ги демантираат сите неосновани тврдења и дезинформации пласирани од страна на СДС и Филипче во изминатиот период. Наместо сценарија за криза и неуспех, фактите покажуваат дека Македонија напредува, добива доверба и обезбедува конкретна европска поддршка, посочуваат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Владата останува целосно посветена на реализација на реформите, економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Поврзани вести