
Јавното обвинителството побара 30-дневен притвор за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, како и за други раководни лица од Mинистерството за економија, информираат извори во истрагата.
Меѓу оние за кои е побарана мерката е и државната секретарка Размена Чекиќ Дурловиќ и раководителот Беким Хаџиу.
Тие се први лица за кои се отвора истрага и се бара притвор од 30 дена од поголемата група која досега има над 20 осомничени.
Претходно ваква мерка беше побарана само за 7-мината полициски службеници осомничени за случајот.
Вчеравечер во судот се донесени и последните тројца градоначалници на Општина Кочани.