
Гледам дека Пешевски од ССМ имал нешто да каже, и би го нарекол синдикалецот Пешевски, но според нивото со кое тој и неговите верни другарчиња од ССМ станаа продолжена рака на СДС, можеби најдобрата прозивка е политичарот Пешевски, вели пратеникот Бране Петрушевски.
-Е сега кога зборите за пљачкање, јас од дете сум во ВМРО ДПМНЕ и сум во истиот стан со моето семејство од кога бев уште првиот ден кога станав пратеник со идеја и кауза да служам на народот. Сигурен ли сте дека вие можете да го кажете за Вас? Сигурен ли сте дека вашиот имот и имотот на вашите другарчиња не се зголеми? Како ние според вас “ја опљачкавме државата” а вие кои седите во скутот на СДС сте невини? Каде бевте како синдикат да протестирате на Заев и после тоа Ковачевски? Кој протест го направивте? Зошто молчевте кога се менуваа закони, процедури, кога зголемуваа даноци на храната и вистински го пљачкаа народот, рече Петрушевски.
-Не сме ние од ВМРО ДПМНЕ против минимална плата, и не сме против правата на работмиците, напротив, но вие сте најмалку синдикалец, ухлебен во политичките прегратки на СДС. Молзејќи го синдикатот кој го преставувате. Моите и примањата на моите колеги се јавни и познати од првиот ден, зошто се плашите да бидат објавени вашите? – праша пратеникот.
Петрушевски порача дека злоупотребата на синдикатот мора и ќе престане.