
Резултатите на локалните избори ја искристализираа политичката сцена во Македонија и „тежината“ што ја имаат лидерите на најголемите партии. . Со освоени само шест општини и 126.000 гласови СДСМ е трета партија во државата и петта во главниот град. И покрај овој факт, Филипче вчера нагласи дека се единствената политичка сила која што може да парира и да се соочи со ВМРО-ДПМНЕ.
Потребен ни е поширок, посилен и поорганизиран фронт. Тоа е еден дел од лекциите кои ги научивме од локалните избори и сум сигурен дека тоа ќе го спроведеме во периодот кој што претстои, изјави Филипче.
Со тоа СДСМ и лидерот Филипче го изгубија правото да бараат лидерска средба со премиерот Мицкоски. Филипче и Мицкоски досега имаа една лидерска средба во април годинава а потоа првиот човек на СДСМ уште неколку пати бараше да се сретнат. Мицкоски на тоа одговараше дека не ја гледа потребата за нови средби.
Игор Чавески

Македонски






