Skip to main content

Неколку населби во Штип останаа без вода за пиење поради дефект на булеварот „Партизанска“

Без вода за пиење попладнево останаа повеќе населби во Штип поради дефект на водоводната мрежа на булеварот „Партизанска“.  

Јавното претпријатие „Исар“ од Штип преку соопштение информира дека без вода за пиење се жителите во населбите 8 Ноември, Ново Село, Исар, Долна и Горна Железничка, Пребег, Три Чешми, како и на улицата „Борис Кидрич“ со околните улици и дел од централното градско подрачје.

Во соопштението се наведува дека екипите на ЈП „Исар“-Штип се на терен и во тек е санирање на дефектот. 

Поврзани вести