Skip to main content
x4BKL_0Rmss

Пожарот во околината на Штип е под контрола, оштетени викендички, повредениот е во добра здравствена состојба

ДЗС

Пожарот во штипско е ставен под контрола. Зафатени се неколку викендички и причинета е материјална штета која допрва ќе се утврдува. Пожарот избувнал на еден километар оддалеченост од вчерашниот пожар.

Разговаравме со еден од повредените кој посведочи дека пожарот настанал на растојание од еден километар од вчерашниот пожар што укажува на индиции дека или е подметнат или е настанат од некоја друга околност. Нема поврзаност на вчерашниот и денешниот пожар. Денешниот пожар настана во близина на викендички што навистина претставуваше опаснот по животот на тамошните жители и имотот. Благодарение на брзата координација успеваме да го локализираме и ставиме под контрола, изјави градоначалникот на Штип кој заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов го посетија повредениот.

Јорданов информираше дека повредениот, кој е сопственик на викенд куќа, е во добра здравствена заштита.

Стојанче Ангелов и Иван Јорданов во посета на повредениот / фото: ДЗС

Ангелов рече дека ер тракторот трипати исфрлил вода од воздух, но клучната улога ја имале пожарникарите кои гаснеле на терен.

Според Ангелов, земјава е подготвена за претстојниот период. Од сервис се вратени двата ер трактори со што вкупно функционални се трите ер трактори, како и четворица обучени пилоти.

Да не се шири непотребна паника, сите пожари одблизу изгледаат страшно, но нашата задача е да ги гаснеме, рече Ангелов.

Апелираше до граѓаните да ја исчистат сувата трева околу домовите и викендичките.

Поврзани вести