
Сириски суд денеска го осуди поранешниот претседател Башар ал-Асад на смрт во отсуство, откако го прогласи за виновен за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени за време на граѓанската војна, јави „Асошиејтед прес“.
Братучед на Асад по мајчина линија, Атеф Наџиб, исто така беше осуден на смрт на истиот судски процес. Судот го смета за одговорен за репресијата во јужната покраина Дара што му претходеше на востанието и последователната граѓанска војна.
Наџиб ја слушна пресудата на суд, зад решетки и облечен во затворска облека. Тој е поранешен бригаден генерал во сириската армија, а во 2011 година раководел со одделот за политичка безбедност во покраината Дара.
Асад и неговиот брат Махер избегаа во Русија откако бунтовниците влегоа во Дамаск во декември 2014 година. Наџиб подоцна беше приведен и стана еден од највисоко рангираните функционери на кои им се судеше.
Пресудата против Асад е првата таква одлука откако сириските преодни власти почнаа да им судат на поранешните функционери на режимот оваа година, и на оние во притвор и на оние на кои им се суди во отсуство.

Македонски


