Skip to main content

Молк од СДСМ и Филипче за пироманот на Заев

Moлк од СДСМ откако вчера возачот на поранешниот лидер Зоран Заев беше фатен како подметнува пожар кај браната Водача кај Струмица. Ова само го потврдува фактот дека пожарите низ целата држава се подметнуваат од пиромани со јасни политички цели.

Лицето А.Н. кој бил возач на поранешниот претседател на СДС, Зоран Заев, е уапсен заради подметнување пожар во струмичко. Против него е поведена истражна постапка за тешко загрозување на општата сигурност со пожар во Струмица и побаран е притвор.

Ова е доказ дека пожарите во Македонија се смислено сценарио на СДС и луѓе блиски со нив, со цел создавање нестабилност и хаос во државата, а потоа да се обвинат институциите дека не можат да се справат, коментира денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Каква е вмешаноста лично на претседателот на СДС, Венко Филипче имајќи ја во предвид неговата блискост со Заев?, прашува владејчката партија?

Во борбата против пожарите во Македонија, ангажирани се сите расположливи сили, пожарникари, припадници на Армијата, хеликоптери, теренски возила, доброволци и сите вложуваат натчовечки напори.  Од друга страна членови на СДСМ и ДУИ се обидуваат да предизвикаат тензии меѓу граѓаните.

Поврзани вести