
Честитки за јубилејот 80 години од основањето на Црвен крст на Македонија, се вели во Фејсбук статусот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
80 години несебична помош за оние на кои им е најпотребна. 80 години хуманост, емпатија и заедништво. Искрена благодарност до сите волонтери, вработени и поддржувачи кои со својата посветеност ја пишуваат оваа хумана приказна. Соработката меѓу Министерството за одбрана, Армијата и Црвениот крст продолжува да расте, со една цел – да им служиме на нашите граѓани со поддршка и грижа, истакна Мисајловски.