Skip to main content

Мисајловски: Продолжуваме со модернизација на македонската Армија преку нова опрема, инвестиции во капацитетите и подобрување на инфраструктурата

Денеска од говорницата во Собранието на Македонија, во рамки на седницата за пратенички прашања имав можност да одговорам на две поставени прашања.

Во поставените прашања беа изнесени дезинформации и невистини, на кои одговорив со факти и аргументи.

Фокусот и приоритетот на Министерството за одбрана остануваат јасни: силна и континуирана модернизација на Армијата, подобрување на условите за работа и унапредување на стандардот на припадниците на македонската Армија и вработените во Министерството.

Во таа насока ги истакнав и најавив дел од проектите кои се реализираат и кои следуваат во наредниот период.

Продолжуваме со модернизација на македонската Армија преку нова опрема, инвестиции во капацитетите и подобрување на инфраструктурата.

Паралелно работиме и на унапредување на Колективниот договор за подобри услови и сигурност.

Остануваме посветени и одговорни.

Работиме во интерес на македонските граѓани, припадниците на македонската Армија и вработените во Министерството за одбрана, затоа што тие се столбот на одбранбениот систем.

Поврзани вести