Skip to main content

Игор Ангеловски е нов селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан

Поранешниот македонски фудбалски селектор Игор Ангеловски и официјално е промовиран во нов селектор на репрезентацијата на Таџикистан.

Ангеловски ќе го подготвува националниот тим на Тацикистан за Азискиот Куп кој ќе се одржи во Саудиска Арабија во 2027 година.

Ангеловски пет години беше предводник на македонската фудбалска репрезентација и ја однесе Македонија на Европското првенство кое се играше во 2021 година.

Во тренерската кариера Ангеловски има работено и во клубовите на Работнички, Каспиј, Горица и Етникос.

Поврзани вести