
Јас сакам неколку работи да потенцирам коишто ценам и мислам дека се многу важни, првата работа е дека секогаш кога имаме кампања за локални избори зборуваме за локални проекти, локални проблеми. Често зборуваме за улици, булевари, патчиња, паркови, зелени површини….зборуваме за нешто што претставува реален локален проблем, рече во своето обраќање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Јас сум сигурен дека тука нема некој кој што може да му се спротистави на сегашниот градоначалник и убеден сум дека со досегашната работа тој покажа и докажа дека и во следниот четиригодишен мандат негов приоритет ќе бидат проектите за жителите на Општина Конче. Но секој избори се можност, покрај проблемите за коишто сега разговараме, коишто треба да имаат свое решение, се исто така можност да испратиме политичка порака, истакна Мицкоски.
Тој рече дека многу е важно во изборниот процес таа политичка порака да ја детерминира патеката по која чекориме во наредните години.
Сите оние политички партии во минатото, а посебно претходната влада, тука мислам на СДСМ и ДУИ и нивното раководство со гласањето на 19 октомври да ги испратиме во политичка пензија. Да испратиме силна политичка порака дека корумпираните политичари се минато-завршено време. Дека тие повеќе немаат кредибилитет ниту пак треба да им дадеме шанса да можат повторно да манипулираат и да се дограбат до власт за да може вас граѓаните да ве пљачкосуваат, а истовремено Македонија да ја понужуваат и омаловажуваат, потенцираше Мицкоски.