Во Фондот за здравствено осигурување на РСМ, денеска беше потпишано писмо за соработка меѓу Фондот и Проектот на УСАИД за партнерство против корупција кој ќе биде спроведуван од менаџмент системс Интернешонал, компанија на Тетра Тек.
Целта на ова писмо е да се постави основа на заеднички приоритети кои се насочени кон реализацијата на активностите кои треба да го зајакнат системот за спречување и намалување на институционалната ранливост на корупција.
Со ова, двете страни се обврзуваат на заедничка соработка, обезбедување на соодветен персонал и ресурси кои ќе бидат соодветно распределени во спроведување на активностите поврзани со проектот.
Соработка поставува основа на заедничките напори, фокусирајќи се на клучните области како што се внатрешна контрола, градење на капацитети за проценка на ризикот од корупција, подобрување на процесите на регрутирање и сл.
Преставниците на Проекот на УСАИД за партнерство против корупција потенцираа дека преку соработката ќе се даде поддршка за зголемување на финансиската транспарентност и подобрување на функционалноста на системот на е-здравство, како и промовирање на интегритетот и одговорноста во управување со ФЗО во текот на наредната година.
Писмото за соработка беше потпишано од директорите на ФЗО, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов и Лоренс Хелд, директор на проектот, а стапува на сила од датумот на потпишување.