Skip to main content

Филипче не верува дека Македонија е цел на хибридни напади

Филипче смета дека доколку е така како што кажува премиерот за актуелната состојба со пожарите на депониите и дека ако сме навистина под напад, закана, некој хибридни напади, или некои странски центри на моќ, тогаш, според него, прво требало да заседава Советот за безбедност и на терен да излезе Армијата.

-Требаше на терен и во јавност да излезе министерот за одбрана. Требаше да се активираат сите безбедносни служби во државата, требаше да се извести НАТО, како наш стратешки партнер. Ништо од тоа не се случува, се ова на коешто премиерот се вади е фактички една пиаровска драма, нема никаква акција да се решат проблемите и ова е навистина доказ за едно дилетанско водење на државата. Практично овој тим нема капацитет да ја води државата, какошто треба, изјави Филипче.

Поврзани вести