Skip to main content

Божиќна честитка од претседателот на Собранието Гаши до католичките верници

Претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши во име на законодавниот дом им го честита празникот Божиќ на католичките верници во државава.

Божиќните празници носат пораки на мир, солидарност, човечност и меѓусебно почитување, вредности кои се темел на секое демократско и мултиетничко општество. Токму преку заемно разбирање, почитување на различностите и заедничка посветеност кон општото добро, ја градиме стабилноста и иднината на нашата држава. Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, семејна топлина и спокој, со надеж и оптимизам за годината што претстои. Среќен Божиќ, напиша Гаши во честитката.

Поврзани вести