Skip to main content

„Во чест на поетот“ во НУ ЦК „Ацо Шопов” во Штип: 44 години од смртта на Ацо Шопов, еден од најзначајните македонски поети

Во организација на НУ ЦК „Ацо Шопов” во Спомен собата на установата се одржa манифестацијата „Во чест на поетот”, посветена на Ацо Шопов, по повод 44 години од неговата смрт. Настанот е посветен на животот и творештвото на еден од најзначајните македонски поети и има за цел да придонесе кон негување и афирмација на неговото литературно наследство.

Во рамки на манифестацијата беа доделени признанија за посебен придонес во афирмацијата и популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов на Божин Павловски, како и на ревијата за литература, култура и уметност „Стожер” при Друштвото на писателите на Македонија.

Ученици од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ Штип читаа поезија од Шопов, додека академик Божин Павловски говореше за животот, делото и значењето на поетот. За творештвото на Павловски се осврна Блаже Милевски, а главната и одговорна уредничка на ревијата „Стожер“, Марина Мијаковска, зборуваше за триесет годишното постоење на оваа ревија на ДПМ.

Настанот заврши со доделување на признанија за особен придонес во афирмацијата и популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов.

извор: 24 инфо.мк

Поврзани вести