Skip to main content

Симон Трпчески на незаборавен настап со Bilbao Orkestra посвети еден од аплаузите на жртвите и семејствата на железничката несреќа во Шпанија

Познатиот македонски пијанист Симон Трпечески изрази голема радост од својата соработка со извонредниот @bilbaorkestra и маестро @pgonzalezconductor на концертот посветен на Концертот бр. 2 од Шостакович. „Ова е дело кое е чисто и младешко, а сепак длабоко и интимно“, напиша Трпчески, истакнувајќи ја емоционалната врска со музиката и публиката.

Во рамки на концертот, кој се одржа пред преполната сала на @euskalduna_eus, Трпчески посвети еден од аплаузите на жртвите и семејствата на железничката несреќа во Шпанија, со што ја демонстрира својата солидарност и човечност.

Многу благодарам на моите колеги, на публиката и на студентите по музика кои ја споделија својата топлина и поддршка“, додава пијанистот, кој и овојпат го потврди својот статус на светска сцена како уметник со длабока емоционална чувствителност и техничка виртуозност.

Поврзани вести