Skip to main content

Саемска промоција на романот „Луција“ од новинарката Лилјана Грџо Дамовска

На штандот на книгоидателството Сакам книги, на 24 април од 18.30 часот организирано е претставување на роман со наслов “Луција“ од новинарката  Лилјана Грџо Дамовска. 

Според издавачот “Луција” е интимен портрет на една жена: приказна за копнежот, храброста да се направи различен избор и нови животин почетоци. Ова е нејзина втора книга. 

Лилјана Грџо Дамовска е дипломиран новинар, магистер по културолошки студии, колумнист, коментатор, која целиот работен и животен век го посвети на новинарството. Беше уредник во „Дневник“, главен уредник на магазинот „Теа модерна“, творец и главен уредник на „Леона магазин“, помошник на главниот уредник на весникот Вечер, уредник на додатоци и прилози. Нејзините колумни со наднаслов „Огледало“ беа критичко огледало на културни, социјални и општество-политички појави и настани, а се објавени во книгата „Светска женска“ (2015). 

Автор е на стотици интервјуа со извонредно значајни личности од земјава и од странство. Значаен поддржувач на културниот активизам, инициjатор на фестивали, здруженија, како и за воспоставување награди и признанија на заслужни уметници од различни области на културата.

Поврзани вести