Skip to main content

Продолжен рокот за аплицирање за филм, серија и документарен филм за Тоше Проески

Македонската радио телевизија до 24 февруари го продолжи рокот за конкурирање за проектот филм, серија и документарен филм посветени на Тоше Проески.

Од продуцентските куќи очекуваме да конкурираат со пријави по Јавен повик за набавка на програмски содржини за играниот филм и серијата посветени на Тоше Проески во комплет или само за документарниот филм одделно. Една продуцентска куќа може да се пријави за двата проекта (игран филм и серија и документарен филм).

Со повторениот повик, Македонската радио телевизија им дава можност на што поголем број продуцентски куќи да се пријават со свои креативни предлог програмски проекти за Тоше Проески на Јавниот повик за набавка на програмски содржини на МРТ за заеднички да создадеме единствена програма атрактивна за нашиот аудиториум, но и како дело што ќе остане во наследство на идните генерации“, соопшти Македонската радио телевизија.

Поврзани вести