
Во дворот на средното уметничко училиште ДСУЛУД ,„Лазар Личеноски“ во Скопје, денеска свечено беше откриена статуата на акад.проф. Јордан Грабул, дело на проф. Елена Дуковска.

Скулптурата беше изработена во рамките на одбележувањето на јубилеите 80 години Средно уметничко и 100 години од раѓањето на Јордан Грабул, информираат од училиштето.
На отворањето, директорот на училиштето Димитар Филиповски истакнал дека Грабул е некогашен професор и директор на уметничкото училиште и автор со огромен импакт врз современата македонска ликовна уметност. На присутните гости им се обратилеа и проф. Елена Дуковска и проф. Лира Грабул-наш познат костимограф и воедно ќерка на Јордан Грабул.