Skip to main content

Наградата за главна машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе го носи името на Кирил Ристоски

По предлог на фамилијата на актерот Кирил Ристоски Собранието на Фестивалот донесе одлука наградата за главна машка улога од годинава да го носи името на големиот актер, заради неговиот придонес кон македонскиот театар, воопшто.

10 претстави во официјалната конкуренција на јубилејниот „Војдан Чернодрински“

Кирил Ристоски е роден на 14 ноември 1948 година во Прилеп. Дипломирал во учебната 1976/1977 година, на отсекот за драмски глумци на Вишата музичка школа во Скопје. По дипломирањето, тој една година работел во Народен театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а во 1978 година, тој се вработил во Драмата на Македонски народен театар. Во 1982 година ја започнал својата педагошка дејност како асистент по предметот глумечка игра на Факултетот за драмски уметности. Во 1988 година станал доцент и преминал од МНТ на ФДУ во редовен работен однос. Во 1993 година напредувал во вонреден професор, а во 1998 година бил избран за редовен професор, при што во 2003 година е повторно избран во истото звање. Во два мандата бил член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од крајот на 2009 година бил поставен за декан на ФДУ. По кратко боледување, Ристоски починал рано наутро на 30 јуни 2011 во Скопје.

Поврзани вести