Skip to main content

Изложбата „Професори и студенти“ се отвора на 20 мај во МКЦ

На 20 мај во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) Скопје во соработка со Град Скопје се отвора изложбата со наслов „Професори и студенти“.

Во проектот односно изложбата учестуваат факултети од областа на визуелните уметности и дизајнот каде што студентите заедно со нивните ментори ќе ги изложат своите дела во галеријата на МКЦ.

Според пропозициите, секој професор учествува со по едно дело, најмногу со двајца студенти.

Организацијата и концепцијата на изложбата е на проф. м-р Страхил Петровски, визуелен и мултимедијален уметник. Куратор е д-р Ана Франговска, историчар на уметност, а дизјанот е на Петар Новковски.

Изложбата ќе биде отворена до први јуни годинава.

Поврзани вести